ДИСТОПИСКА ЛИТЕРАТУРА – ПРЕДВЕСНИК НА ИДНИНАТА ИЛИ САМО ТРЕНД ВО МОДЕРНАТА ЛИТЕРАТУРА
Abstract
Во изминатите неколку години сведоци сме на зголемената заинтересираност за дистописката литература. Таа носи слика за иднината која не е воопшто светла во однос на опстанокот на човештвото. Во овој труд најпрво ја претставив суштината на дистописката литература преку дефинирање на поимите дистопија и утопија. Потоа одбрав теми за анализа од најпознатите претставници на овој правец: „Храбар нов свет” (1932) на Олдос Хаксли, „Фаренхајт 451” (1953) на Реј Бредбери, „Игри на гладните” (2008) на Сузан Аткинс, и „Лавиринт–Невозможно бегство” (2009) на Џејмс Дашнер. Преку соодветни примери ги објаснив темите како што се генетско инженерство, употребата на технологијата, природна катастрофа, и класна определеност. Мојата цел во овој труд беше да одговорам дали делата можеме да ги поврземе со сегашната ситуација во светот, дали гледаме некои предзнаци во однос на иднината на човештовото или дали тие претставуваат само тренд во модерната литература. Според темите кои се провејуваа во делата и знаците кои веќе ги сведочиме како што се: климатските промени, развојот на генетското инженерство, развивање на технологијата можев да дојдам до заклучок дека дистописката литература не е само забавна фикција која треба да се прочита, туку треба да се сфати како предвесник на иднината и да ја подигне свеста кај човекот пред да стане предоцна.