КОНСТРУКЦИИ СО АТРИБУТИВНИ ГЛАГОЛИ ВО ФРАНЦУСКИОТ ЈАЗИК И НИВНИТЕ ЕКВИВАЛЕНТИ ВО МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК
Abstract
Предмет на интерес во овој труд се француските атрибутивни конструкции со глаголите: sembler, paraître, se montrer, s’avérer, devenir, tomber, rester, demeurer и нивните еквивалентни конструкции во македонскиот јазик. Тргнувајќи од семантичките особености на овие глаголи во двата јазика правиме класификација на атрибутивните
конструкции кои тие ги градат на: евиденцијални, епистемично-модални, инхоативни и дуративни конструкции. Целта на трудот е да се направи споредба на конструкциите во двата јазика во рамките на предложената класификација.