КУЛТУРА, ГЛОБАЛИЗАЦИЈА, ИДЕНТИТЕТ

  • Даниела Коцева
  • Снежана Мирасчиева
  • Емилија Петрова-Ѓорѓева
  • Ирена Китанова

Abstract

Опстанокот и цврстината на секој општествен систем зависи од културата и културните вредности на тоа општество. Забрзаниот процес на глобализација врши силно влијание на различните аспекти на човековото живеење, на економски, политички, социјален и културен аспект. Еден од најголемите предизвици на глобализацијата е нејзиното влијание на културата и општеството. Денешното приближување на културите на различни народи е продукт на огромниот прогрес во комуникациската технологија и размената на информации, што се смета за една од позитивните аспекти на глобализацијата. Со оглед на тоа дека културата е основна и важна нишка за разбирање и соработка помеѓу различни народи, таа отсекогаш претставува основа за појава и развој на човечката цивилизација. Јакнењето на културната размена помеѓу различни земји е од голема важност. Историјата на човештвото покажува дека културите од секогаш имале тенденција да се соединуваат. Од друга страна сите знаеме дека културите во општествената структура на светот се разделувани една од друга. Голем дел од културите се последица на одредени и раздвоени идентитети во текот на историјата, но тенденцијата за културна размена отсекогаш постоела на различни начини. Во моментов, човековата заедница наоѓајќи се во незапирливиот процес на глобализација, културата како најраширен, најдлабок и најважен фактор во човековиот живот, најмногу и најлесно ги прифаќа овие промени. Постојат различни мислења и аспектиод кои се анализира односот помеѓу културата и глобализацијата кои ќе бидат преставени во понатамошниот дел од трудот, вклучувајќи и начнувајќи го влијанието на глобализацијата врз идентитетот, дали глобализацијата овозможува поголема индивидуалност, или пак, глобализацијата создава висок степен на отуѓеност, губење на границите меѓу себството (идентитетот) и културата.

 

Published
2017-01-11