ГОВОР НА ОМРАЗА ВО ТРАДИЦИОНАЛНИТЕ МЕДИУМИ ВО РМ: ПРИМЕРИ ОД МАКЕДОНИЈА
Abstract
Медиумите, како средства за масовна комуникација, имаат исклучително важна улога во промовирањето на различностите, нивното почитување, толеранцијата и рамноправноста, недискриминацијата. Но, и покрај тоа, често пати и самите стануваат промотори на јазик на омраза. Во поново време, освен преку традиционалните медиуми, говорот на омраза најде нов начин на своја манифестација – преку социјалните мрежи на Интернет, чија популарност и широка употреба овозможува одредена
содржина да допре до најширокиот аудиториум. Во трудот се обработува говорот на омраза од аспект на негова присутност во традиционалните медиуми (печатот, радиото и телевизијата). Целта е да се даде приказ на состојбата во Република Македонија во однос на ова прашање. Притоа, преку метод на дескриптивна анализа, поткрепен со низа примери од практиката, се доаѓа до заклучок дека во Република Македонија е забележливо присуството на злоупотреба на традиционалните медиуми, во насока на непочитување на различноста, ширење предрасуди, нетолеранција и стереотипи.