ШТИП, „ЧЕТ’РСЕ“ И УНЕСКО - КАКО ДА СЕ ИСКОРИСТИ ВПИШУВАЊЕТО НА ШТИПСКИОТ ОБИЧАЈ НА СВЕТСКАТА РЕПРЕЗЕНТАТИВНА ЛИСТА НА НЕМАТЕРИЈАЛНО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО

  • Зоранчо Малинов

Abstract

Познатиот штипски обичај обичај чет’рсé (четерсé), што се одржува на празникот посветен на светите 40 маченици - 22-ри март, при што се практикува ритуално искачување на штипјани на блискиот рид Исар, како и некои други придружни обичаи, од декември 2013 година се наоѓа на репрезентативната листа на нематеријалното културно наследство на човештвото што е усвоена од светската организација за образование, култура и образование - УНЕСКО, дава широки можности за афирмацијата на етнолошкото и останатото културно наследство на овој град.

Published
2017-01-11