ПРЕГЛЕД НА ПОЗНАЧАЈНИТЕ ТУРИСТИЧКИ ВОДИЧИ
Abstract
Секојдневно во светот патуваат голем број на туристи кои посетуваат странски држави и територии. Дел од овие туристи за подобра навигација и запознавање на новите простори користат туристички водичи. Целта на овој труд е да биде направено дефинирање и преглед на позначајните туристички водичи во светот кои претставуваат еден од факторите за развој на меѓународниот туризам. Во трудот е консултирана постоечката литература поврзана со туристичките водичи и прикажан е нивниот историски развој. За потребите на трудот е спроведено квалитативно истражување базирано на интернетот и табеларно се претставени важните публикации од оваа специјализирана туристичка литература, како во светски рамки така и во Република Македонија.