ПОЛИТКОРЕКТНОСТА ВО МАКЕДОНСКАТА ЈАЗИЧНА СРЕДИНА
Abstract
Терминот „политкоректност“ (политичка коректност) сѐ почесто го слушаме во секојдневниот живот, а најмногу кога станува збор за јавната комуникација. Без оглед на ваквата распространетост, може да се каже дека темата за политичката коректност, како и самиот термин, нема добиено целосна осмисленост во научната литература, особено кога станува збор за истражувањата во областа на лингвистиката.