СЕМИОЛОГИЈАТА НА ЖЕНАТА ВО МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК - ЖЕНАТА ВООПШТО И ФИЗИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ЖЕНАТА
Abstract
Во трудот се анализираат вкупно 170 единици и тоа : 61 лексемска, 37 фразеолошки, 47 пословици и 25 комуникативни единци кои својата семиолошка фигура ја засноваат врз одредена лексема која му припаѓа на лексичко-семантичкото поле ЖЕНА. Предмет на анализа во овој труд се само единиците во кои се содржат семиолошките фигури ЖЕНАТА
ВООПШТО и ФИЗИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ЖЕНАТА (физичкиот изглед, здравјето и возраста). Основна теза на нашиот труд е дека македонското општество е машко општество во кое мажите се тие кои владеат меѓу другото и со јазикот, па оттаму и јазичните структури го отсликуваат машкиот поглед на светот. А семиолошката структура што ја нудат проучуваните единици е главно со негативна референтна вредност и таа го отсликува македонското патријахално општество.