АКЦЕНТОТ И АКЦЕНТСКИТЕ ЦЕЛОСТИ ВО ЈАЗИКОТ НА МЕДИУМИТЕ
Abstract
Во 1998 година во РМ се донесе Закон за употреба на македонскиот јазик и согласно членот 6 од неговите одредби, обврската за заштита и примена на македонскиот литературен јазик, особено ги опфати средствата за масовна комуникација (телевизиските канали, радиото, печатот, во поново време и електронските портали). Македонскиот јазик во РМ има широка употреба, па во различни ситуации на општење (домашни околности, на улица или во некоја институција и сл.) и во различни области од општествениот живот (политика, администрација, образование), во или пред средствата за јавно општење, се очекува стандардната јазична форма да биде карактеристична црта на говорителот.