ВЛИЈАНИЕТО НА ФРАНЦИЈА И ФРАНЦУСКИОТ ЈАЗИК ВРЗ РАЗВОЈОТ НА ОБРАЗОВАНИЕТО И КУЛТУРАТА ВО БИТОЛА
Abstract
Македонија во 19от век, освен што сеуште била под турско ропство во склоп на Османлиската Империја, била и цел на голем број западноевропски и руски пропаганди и влијанија. Едно од тие влијанија било и Католичкото влијание, она на лазаристите, од страна на Франција кое се појавило и дејствувало како противтежа на руското православно влијание. Овој процес на ширење на католичката вера, а со тоа и на францускиот јазик, во Македонија првично започнал во Битола и тоа со формирањето на првото дипломатско претставништво – Конзулатот во Битола од 1854 година. Не случајно Битола била избрана како град кадешто ќе се отворат првите конзуларни претставништва на западно-европските земји. Битола во 19от век била, после Солун, еден од најразвиените трговски центри, таа била центар на занаетчиите, била поврзана со железничка линија со Солун и имала мошне интересна гео-политичка положба.
Влијанието на Франција, за наметнување на католичката вера се вршело преку ширење на францускиот јазик со отворање на училишта од страна на Католичката црква. Посебно обучени мисионери имале за цел да предаваат француски јазик во овие училишта и преку тоа да ја нaмeтнуваат католичката религија, францсукиот јазик и култура. Па така, изучувањето на францускиот јазик бил и останува традиција и богатство на овој конзулски град сè до денес, кога е присутен во сите нивоа на образование, почнувајќи од основно, средно па дури и на Универзитет. Влијанието на Франција во секојдневието на Битола е присутна и преку архитектурата,преку начинот на живот на битолчани, преку културата низ многубројните културни манифестации со посредство на Франција. Денес, францускиот јазик во Битола се продолжува а и се прославува преку многубројни
манифестации, организации и билатерални соработки.