ВАЖНОСТА И ПРИОДИТЕ ПРИ ПРЕДАВАЊАТА ПО ПРАВИЛЕН ИЗГОВОР ВО ИЗУЧУВАЊЕТО НА АНГЛИСКИОТ КАКО СТРАНСКИ ЈАЗИК

  • Весна Продановска

Abstract

Зборувањето е продуктивна вештина или, според група автори, претставува интерактивен процес на конструирање на значењето што вклучува создавање, примање и обработка на информациите. Исто така, се тврди дека зборувањето е клучот кон комуникацијата. Формата и значењето на зборувањето се зависни од контекстот во кој тоа се случува, вклучувајќи ги и самите учесници, нивните социјални улоги, искуства, физичката средина итн. Изговорот е почетен и клучен аспект во развојот на зборувањето како јазична вештина. Целта на овој труд е да се прикаже важноста на правилниот изговор и да се прикажат приодите во предавањата за изговорот при изучувањето на англискиот како странски јазик. Во заклучокот од овој труд се нагласува дека стекнувањето на правилен изговор не е достигнување на ниво на мајчиниот јазик туку целта е да се постигне прифатливо ниво при што оној што го изучува странскиот јазик не би се почувствувал оддалечен од способноста да комуницира, при што изговорот би се појавил како главна бариера.

Published
2017-01-16