ИСКАЖУВАЊЕ МИНАТОСТ СО СУМ И ИМА- КОНСТРУКЦИИТЕ ВО МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК СО ОСВРТ НА НИВНИТЕ ЕКВИВАЛЕНТИ ВО АЛБАНСКИОТ ЈАЗИК
Abstract
Сум и има-конструкциите претставуваат состав од помошните глаголи сум и има и глаголска придавка на -н / -т. Според Бл. Конески резултативното значење е основното значење на сум и има-конструкциите. Тој терминот резултативност го употребува во врска со значењето на глаголската придавка и го определува како „семантички признак” како „признак што може да му биде припишан на еден предмет како моментна или трајна особеност, заправо резултатот од вршењето на глаголското дејство во некаква врска со тој предмет”