АКЦИОНА ПЕРСПЕКТИВА ВО УЧЕБНИЦИТЕ ЗА НАСТАВАТА ПО ФРАНЦУСКИ КАКО СТРАНСКИ ЈАЗИК : AGENDA И VITE

  • Мира Трајкова

Abstract

Акционен приод, денес, петнаесет години по објавувањето на 0 која го промовирала, продолжува да привлекува интерес на методичарите и наставниците по странски јазици. Периодот е релативно краток за давање релевантни заклучоци, но дозволува да се запрашаме какво е неговото место во учебниците по француски јазик што се употребуваат во Р. Македонија и какви се реалните можности за примената на овој приод во наставната пракса кај нас.
Во првиот дел на трудот накратко ќе се осврнеме на неколку концепти врзани за акционен приод и ќе зборуваме за влијанието на Заедничка европска референтна рамка за јазиците во наставата и учењето на странски јазици. Во вториот дел на трудот ќе се обидеме да анализираме неколку учебници по француски како странски јазик, со цел да провериме дали се во нив присутни содржини и активности кои што овозможуваат реализирање на наставата според акционен приод. Потоа ќе се обидеме да укажеме на некои предности што овој приод нуди како и на проблеми при неговата примена во контекстот на наставата по француски јазик во основни и средни училишта во Р. Македонија.

Published
2017-01-17