СЕМАНТИЧКА СПОРЕДБА НА ТЕРМИНОЛОГИЈАТА НА СРОДСТВО ВО АНГЛИСКИОТ И ГЕРМАНСКИОТ СО МАКЕДОНСКИОТ И СРПСКИОТ ЈАЗИК
Abstract
Во овој труд ќе направиме споредба помеѓу англискиот и германскиот јазик од една страна со македонскиот и српскиот од друга, осврнувајќи се на семантичкото поле на сродство. Целта на трудот е да се воочат разликите кај овие семантички полиња во споменатите јазици, како и да се истакне важноста на согледувањето на овие разлики при соочување со потешкотии со овие термини при превод или во наставниот процес. При создавањето на корпусот на овие термини користени се речници за соодветниот јазик. За
анализата на овие термини направивме категоризација од неколку аспекти, како на пример, пол, генерација, страна, итн.