МАКЕДОНСКИ ЕКВИВАЛЕНТИ НА НЕКОИ РУСКИ ФРАЗЕОЛОГИЗМИ
Abstract
Предмет на интерес во овој реферат е начинот на преведување на дел од руските фразеолошки изрази во македонскиот јазик.
Фразеологизмите настануваат како резултат на јазична креација со која на специфичен начин се искажува некое животно искуство, сознание, став или е поврзано со некој настан, личност или слично. Фразеолошките изрази на секој јазик се одликуваат со свои специфичности затоа што се тие израз на духот на еден народ, на неговата култура или историја. Од овие причини, фразеологизмите тешко се преведуваат од еден на друг јазик. Наместо соодветен превод, во најмногу случаи се бара соодветна замена за фразеологизмот кој треба да се преведе. Нашата цел е да дадеме повеќе примери со кои ќе го покажеме лексичкото богатство и разновидноста при предавањето на фразеологизмите од рускиот во македонскиот јазик.