НАУЧНАТА ФАНТАСТИКА НА ИВАН ЕФРЕМОВ
Abstract
Во овој труд се разгледуваат четири романи од творештвото на познатиот руски писател Иван Антонович Ефремов „Senke prošlosti“ (1945), Звездани бродови“ (1948), „Маглината на Андромеда“ (1957), и „Срцето на змијата“ (1958). Најпрвин, ќе се укаже на некои дефиниции на жанрот научна фантастика, а потоа, согласно со теоретичарите на научната фантастика, ќе се укаже и на нејзините карактеристики и класификации. Притоа, преку анализа на овие четири научно-фантастични романи, познати во светски рамки, кои се само мал дел од неговото обемно творештво, ќе се разгледуваат особеностите на научната фантастика како жанр, и истите ќе се експлицираат преку ексцерпција на соодветни книжевни моменти во споменатите романи. На тој начин, ќе се потенцира што е она што го издвојува творештвото на Иван А. Ефремов од творештвото на останатите автори на научна фантастика во светски рамки.