ГРОТЕСКАТА ВО РАСКАЗОТ „МЕТАМОРФОЗА” НА ФРАНЦ КАФКА
Abstract
Низ различни периоди на литературата облиците на гротеската постојано се менувале, како и нејзината функција во делата. За гротеската карактеристично е да дава свој посебен увид во природата на реалноста така што на еден парадоксален начин ги доведува во врска комичното и језивото, но и комичното и трагичното. Гротеската е своевидна форма на апсурд, но истовремено се покажува и како начин да се надмине тоj апсурд. Чудното во гротеската jа разурнува реалноста и дозволува да се здогледа
тоа што претходно било незабележливо. Гротеската можеме да ја забележиме во делата на Николај Гогољ, Михаил Булкагов, Фланери О’Конор и други. Во овој труд преку расказот „Метаморфоза” на Франц Кафка детално ги анализирав елементите на гротескното. Од самиот почеток на расказот преку ликот на Грегор Самса, па се до неговата целосна преобразба во инсект, јасно можат да се забележат елементите на гротеската како што се физичката деградација на главниот лик, хуморот којшто на моменти е апсурден и бизарен, но и гротескното однесување на повеќето ликови во расказот. Овој расказ не претставува само една апсурдна и нереална ситуација, туку го означува секој човек кој некогаш во животот го почувствувал гротескното во себеси преку некој вид на страв, психичко нарушување, или физички недостаток.