МЕНТАЛИТЕТОТ ВО КУСАТА ПРОЗА НА ЧЕХОВ (ЗА ЖЕНСКИОТ, ЧИНОВНИЧКИОТ И НАРОДСКИОТ МЕНТАЛИТЕТ ВО КУСАТА ПРОЗА НА АНТОН ЧЕХОВ)

  • Луси Караниколова-Чочоровска

Abstract

Во оваа статија правам квалитативен приказ на културолошката категорија менталитет во три расказа од Антон Павлович
Чехов: „Мала шега“, Смртта на чиновникот“ и „Коњско презиме“.

Прочитот и пристапот кон овие раскази од гледна точка на менталитетот допушта да се селектиираат три типа менталитет: женски, машки (кој е уште и чиновнички,  бирократски) и т.н. народен, поточно народски менталитет.

Имајќи го предвид главниот квалификатив на кусата проза на големиот руски ументик Чехов, нејзината концизност, заедно со нејзината вербална и семантичка полнотија, воопшто не изненадува сознанието дека и тука, во краткоста, се наидува на совршени примероци менталитет, од различни категории, кои уште повеќе го обојуваат наративниот исказ.

Се анализира типично „женскиот“ менталитет на Надењка од расказот „Мала шега“. Се разгледуваат карактеристиките на условно машкиот, а повеќе чиновничкиот менталитет на Иван Дмитрич Червјаков во расказот „Смртта на чиновникот“ и народскиот менталитет во расказот „Коњско презиме“.

Во сите случаи станува збор за интегрални и ненаметливи составки на брилијантното прозно кажување на Чехов, кој го откриваат менталитетот на рускиот човек од втората половина на 19-от век. А можеби и денешниот и секогашниот, општочовечкиот...

Published
2018-01-30