ЈАЗИЧНАТА ПОЛИТИКА НА РМ И ОДНОСОТ НА ИНСТИТУЦИИТЕ КОН МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК

  • Михајло Марковиќ
  • Соња Новотни

Abstract

Целта на овој реферат е да дадеме своевиден приказ на институционалната и државната јазична политика којашто ја води Р.М. и одразот на истата во секојдневниот живот на говорителите, но и понатамошниот развој на македонскиот јазик. Имено, во трудот опфативме неколку институции коишто треба да се грижат за македонскиот јазик, неговата правилна употреба, неговата норма, неговото подновување, и чувањето на општословенскиот јазичен код во македонскиот јазик. Трудот ги опфаќа досегашните јазични политики на Р.М. преку Институтите и факултетите на кои се проучува и истражува македонскиот јазик и кои воедно го одредуваат курсот на јазичната политика по кој треба да се движи еден просперитетен и развоен словенски јазик. Ја анализиравме и глобализацијата како едно од најголемите зла во однос на развојот и просперитетот на јазиците кои ги говорат помали говорни групи, но суштината на трудот го опфаќа делот во којшто наведовме примери од секојдневието во кое се разнебитува и осквернува македонскиот јазик, иако постојат бројни начини и можности за негово поттикнување и унапредување како единствен и неповторлив словенски јазик кој е матица на сите словенски јазици.

Published
2018-01-31