БИРГЕРОВАТА “ЛЕНОРЕ“ – ПАРАДИГМА ЗА НЕПРЕБОЛНА ЉУБОВ

  • Даринка Маролова
  • Ева Ѓорѓиевска

Abstract

Биргеровата балада „Леноре“, како парадигма за непреболна љубов е тема на овој научен труд. Целта на трудот е да се направи една книжевна анализа со критички осврт на повеќе значајни аспекти на баладата „Леноре“ од Готфрид Август Биргер. Ова е еден обид на авторите да го прикажат контекстот на оваа уметничка балада настаната во турбулентни времиња кога книжевноста на просветителството, како една од фазите на литературниот развиток, доживува возобновување, нов подем, влевајќи се во литературната револуција на Штурм и Дранг. Дејството на баладата се случува во Прусија и тоа во време на седумгодишната војна, историски момент кој
преплетен со народниот тон на баладата го означува почетокот на новиот автентичен израз на германската предромантичарска поезија.

Published
2018-01-31