МАКЕДОНИЈА КАКО ПОТЕНЦИЈАЛНА ДЕСТИНАЦИЈА ЗА РУСКИТЕ ТУРИСТИ

  • Дејан Методијески
  • Костадин Голаков

Abstract

Меѓународниот туризам и патувањата во светски рамки бележат константен пораст последниве неколку децении. Современите тенденции во туризмот укажуваат на потребата од посета на нови дестинации и промена на традиционалните места за одмор. За успешни истражувања во меѓународниот туризам, потребно е собирање на конкретни информации за пазарот кој се истражува. Целта на овој труд е да бидат презентирани потенцијалите на Република Македонија како дестинација за руските туристи. Во трудот е консултирана постојната литература поврзана со профилирањето на руските туристи и условите кои одат во прилог на развој на туризмот меѓу Русија и Македонија. Користени се секундарни извори на податоци од релевантни извори за да се направи профил на руските туристи. На крајот од трудот, дадени се препораки за насоките во рамките
на кои треба да се движи земјата со цел да ги привлече руските туристи.

Published
2018-01-31