ПОЕТСКИОТ ОРАТОРИУМ НА БЛАЖЕ КОНЕСКИ

  • Ранко Младеноски

Abstract

Поезијата на Блаже Конески веќе долго време предизвикува голем интерес и кај читателската публика и во книжевно-научните кругови. Во овој труд се анализираат и се интерпретираат песните на Конески што имаат специфики на молитва. На почетокот од трудот се определува потеклото и значењето на терминот молитва, а потоа се посочува конкретниот апликативен материјал што е предмет на интерпретација. Станува збор, имено, за шест песни на Конески во чиј наслов се содржи зборот молитва објавувани во разни поетски збирки: две песни со наслов „Молитва“ во збирката „Песни“ објавена во 1953 година; песна со наслов „Молитва за сон“ во збирката „Стари и нови песни“ од
1979 година; песна со наслов „Молитва“ во збирката „Црква“ од 1988 година; песна со наслов „Молитва“ во збирката „Небеска река“ од 1991 година; песна со наслов „Молитва за успокојување“ во последната стихозбирка „Црн овен“ објавена во 1993 година. Но, во трудот се анализираат и други песни на Конески во чија содржина се среќава одреден
молитвен призвук. Тоа значи дека интенцијата на овој труд е да се интерпретираат „молитвените стихови“ на Конески во интегрална форма, односно да се елаборираат семантичко-синтаксичките особености на поетскиот ораториум на македонскиот поетски бард Блаже Конески.

Published
2018-01-31