КУЛТУРНИ ПРЕОБРАЗБИ КАЈ ДРЖАВИТЕ ВО УСЛОВИ НА ГЛОБАЛИЗАЦИЈА
Abstract
Во овој труд ќе дадеме теоретски осврт на поимите меѓународно општество, меѓународна политика, на државата како субјект на меѓународното право, како и на влијанијата од глобализацијата во културните преобразби. Државата е врховна организација на човештвото денес. Чувствата кои членовите на оваа национална заедница ги негуваат
кон неа се наречени национализам. Суверенитетот пак, овозможува национализмот да добие политички и правен израз во меѓународното општество. Ова значи дека државите, главни актери во меѓусебните односи, себе си се сфаќаат како суверени, а тоа значи дека тие не се подложни на ниеден повисок политички авторитет. Отука институциите на меѓународното општество, вклучувајќи го тука и правото, се осмислени да можат да одговорат на барањето за суверенитет. Квалитетот на практицирањето на политичката култура, е тесно поврзан со демократскиот развој на една држава. Развојот на цивилното општество, побарува развој на демократска политичка култура, создавање на критичка јавност, демократска социјализација на граѓаните, афирмација на цивилните вредности, кои во својот фокус го имаат граѓанинот. Културните разлики во државите во услови на забрзана глобализација се релевантни и за развојот на демократијата. Аналогно со брзите текови на глобализацијата кога се создаде еден пакет на процеси, вредности, идеи, уверувања, се појавија и амбициите на државите да ги воведат во своите национални општества овие глобализациски атрибути кои се составен дел
на политичката култура и на политичката социјализација. Денешниот феномен на глобализацијата не ги опфаќа само елитите, тој го опфаќа целокупното општество во сите земји и култури.