КОГНИТИВНИТЕ МЕХАНИЗМИ ПРИ ПРОЦЕСОТ НА ЗБОРООБРАЗУВАЊЕ ВО АНГЛИСКИОТ ЈАЗИК
Abstract
Во овој труд ќе бидат разгледани особеностите при процесот на зборообразување кај сложенките во англискиот јазик. Акцентот ќе биде ставен на когнитивниот приод, односно
на прашањето на концептуализација и на процесот на создавање на ново значење на сложенката која може да се изведе од концептите кои ги имаат нејзините составни делови. Ќе бидат разгледани начините кои се користат при процесот на создавање нов концепт на структурно мотивирани и структурно немотивирани сложенки. Посебен акцент се става наоткривањето на пропозициите поврзани со значењата на сложенките добиени преку процесот на зборообразување.