МАКЕДОНСКО-РУСКИ КУЛТУРНИ ПАРАЛЕЛИ

  • Виолета Мартиновска

Abstract

Охридската книжевна школа е основана кон крајот на IX век. Во неа имало разновидна книжевна дејност. Во текот на XIX век познати слависти одземаат дел од ракописното наследство и го изнесуваат надвор од Македонија. Дел од ова книжевно наследство се наоѓа во руските библиотеки, збирки, архиви. Голем дел од овие ракописи потекнуваат од Охридската книжевна школа. Порфириј Успенски пронашол неколку глаголски ракописи во библиотеката на манастирот Света Катерина во 1850 година: синајски псалтир од XI век (бр.38), синајски требник, глаголски пергаментен ракопис од XI век. Два листа се наоѓаат во Санкт Петербург (Збирка на Успенски), еден лист во Академијата во Санкт Петербург (Збирка на Срезневски). Охридски глаголски листови од X-XI век се пронајдени од страна на Виктор И. Григорович. Дел од Добромировото евангелие од XII век
се чува во Санкт Петербург. Има и други ракописи кои се по потекло од Македонија или од Охридската книжевна школа, а се наоѓаат во Русија. Од денешен, современ аспект, постоењето на секој оригинален ракопис има културолошка димензија и припаѓа на светското книжевно богатство. Македонската варијанта има свои карактеристики: употребата на јусовите за означување на носовките, вокализација на еровите во силна позиција, замена на носовките во одредени позиции, појава на фиктивни ерови, мешање на носовките со еровите, појава на наставката –ме за прво лице множина, сегашно време, грешки во падежите, замена на инфинитивот со да реченица и др.

Published
2020-02-16