СОБИРАЧИТЕ НА МАКЕДОНСКОТО НАРОДНО ТВОРЕШТВО ОД ЦЕПЕНКОВ ДО ДЕНЕС (НА 100-ГОДИШНИНАТА ОД СМРТТА НА МАРКО ЦЕПЕНКОВ)

  • Ана Витанова – Рингачева
Keywords: собирачи, фолклор, народни умотворби, Марко Цепенков

Abstract

Собирачите на народното творештво биле и се насекаде каде човекот духовно опстојува(л), тука се за да го запишат она вредно усно кажување, кое пак постои откога постои мислата и зборот. Собирачот е всушност посредникот меѓу прастарата усна традиција и новата пишана форма на изразување. Тоа посредство подразбира издигнување мост меѓу илјадници години старата традиција на духовниот опстанок на човекот и современието. Скоро секоја педа на која стапнал човекот и пуштил корен, чува нешто вредно, чува песна, сказна, предание, легенда, чува жива слика од минатото. Современата наука денес има увид во фазите на развој, во голема мера благодарение на огромниот
и непроценлив труд на собирачите и материјалите што ги оставиле како плод на својата работа. Во времето на Преродбата (втората половина на XIX век), македонските собирачи ја започнуваат својата мисија, да бидат будилници на македонската национална свест. Стожерот на таа мисионерска дејност е секако Марко Цепенков (1829-1920), од чија смрт годинава се навршуваат 100 години.

Published
2021-02-02