ДЕМОНОЛОШКИТЕ ПРЕТСТАВИ КАЈ АСИРЦИТЕ И БАБИЛОНЦИТЕ
Abstract
Најчесто, чудовишноста се восприема во негативна конотација, па дури и во антрополошките анализи демонските чудовишта се прикажани како опасни, безочни и непријателски насочени суштества. Но, ова поимање на чудовишноста е сосем спротивно од восприемањето во религиозниот дискурс во Месопотамија. Во религиозниот симболизам, чудовишноста често jа прикажува врската помеѓу луѓето и транформациските сили и моќи од „другиот“ свет. Оттаму, демонските чудовишта можат да бидат претставени како добронамерни, кои помагаат и кои се пријателски настроени и безочни и злонамерни, кои поради нивниот отелотворен пристап кон силите од „другиот“ свет се прикажани како опасни непријатели на човекот и заедницата воопшто. Во Асирија и Бабилонија независната моќ што свештениците маѓепсници ја припишувале
на принципот на злото, давала оправдување за сите видови окултни практики кои ги исползувале. Верувањата во магиите, исползувањето на магиските обреди и повикувањето на демони и зли духови, на крајот го пронашле своето оправдување во улогата која им била доделена на злите демони кои постојано се мешале и го загрозувале животот на човекот. Оттаму, импактот на овој труд е да се прикажат демонские претстави кај Асирците и Бабилонците, каде наместо во нивната демонска чудовишност да се гледаат страв и опасност, можеби фокусот треба да се стави на нивната фундаментална двозначност: тие можат да бидат безочни и да чинат зла, исто како што можат да бидат и добронамерни.