ХИПОТЕКСТОТ ВО ПОЕЗИЈАТА НА БЛАЖЕ КОНЕСКИ
Abstract
Во трудот се елаборираат елементите од традицијата и нивната естетска функција во поезијата на великанот на македонската култура од втората половина на 20 век – Блаже Конески. Станува збор, имено, за една од особините на книжевните дела што во современата книжевна теорија и во постмодернистичката творечка стратегија се детерминира како хипотекст: директни и индиректни траги од стар „текст“ во уметничката литература. Во поетската творечка постапка на Конески се забележуваат голем број на вакви
експлицитни траги од претходни „текстови“ кои потекнуваат од неколку сегменти на традицијата. Ваквата творечка постапка на поетот Конески во овој труд ја илустрираме преку детална анализа на две песни („Круша“ и „Ангелот на Света Софија“), а во песните на нашиот поет откриваме и појава на автохипотекст, односно автоцитатност. Во трудот покажуваме дека иновациите (хипертекстот) во песните на Конески, всушност, доминантно се темелат токму врз надградувањето на разноликите фрагменти од традицијата на македонската и на светската култура и цивилизација.