КАРАКТЕРИСТИКИ НА ГАСТРОНОМИЈАТА ВО ПОЛОШКИОТ РЕГИОН
Abstract
Во рамките на ова истражување главна цел е да се прикаже гастрономската култура и гастрономските навики на населението во полошкиот регион. Во истражувањето се
вклучени потрошувачите кои имаат значаен придонес во подобрување на гастрономската понуда и застапеноста на регионалните продукти во понудата на угостителските објекти во полошкиот регион во Р.Северна Македонија.
Гастрономската понуда овозможува да се запознаеме со различните култури на народите и ни овозможува посета на угостителско-туристички објекти каде може да се вкуси храната препознатлива за одредена туристичка дестинација, запознавање на секундарните и примарни произведувачи на храна и пијалоци како и дегустирање и конзумирање на нивните афтентични јадења и пијалоци.
Ваквите гастрономски понуди дават значење на гастрономски, гурмански и готварски туризам преку кој туристите би можеле да се запознаат со автентичниот мирис и вкус на јадењата и пијалоците кои се приготвуваат во полошкиот регион, а исто така и со културата и обичаите на населението во тој регион.
Во рамките на ова истражување главна цел е да го демонстрираме значењето на гастрономијата и моменталната гастрономска побарувачка и дефинирање на правците
за развојот на гастрономската понуда во угостителските објекти.