ЈУРУЦИТЕ – МАКЕДОНСКИТЕ АМИШИ
Keywords:
Јуруци, идентитет, култураAbstract
Во овој труд ќе се обидеме да ги предочиме спецификите на јуручкото население во Македонија, како посебен ентитет, кој повеќе од единаесет века успева да ги задржи
најзначајните карактеристики на својот идентитет и култура. Јуруците, по потекло номадско турско население, до денес живеат со една нога во расчекор, секогаш подготвени да поминат на некое друго, за нив посигурно место, каде ќе можат да живеат во склад со својата традиција и своите морални и етички начела. Затоа, не е за изненадување што голем број Јуруци од штипските, радовишките, струмичките, валандовските и дојранските села се враќаат кон својата прататковина-Турција. Јуруците, освен Абориџините во Австралија и Амишите во Америка, се најверојатно единствените народи кои својата култура ја чуваат негибната со векови, иако во нивна непосредна околина светот се менува под влијание на технолошките и цивилизациските текови.