КАРАКТЕРИСТИКИ НА РУСКАТА ГАСТРОНОМИЈА

  • Костадин Голаков
  • Дејан Методијески
Keywords: туризам, гастрономија, Русија, храна, пијалаци.

Abstract

Гастрономијата претставува наука која е поврзана со различни аспекти на подготовката и консумирањето на храна, а на неа влијаат низа социјални, културни, општествени и економски фактори.. Консумирањето на храна и пијалаци е составен дел од престојот на туристите и посетителите во дестинациите, а поради таа причина гастрономијата и туризмот се во директна и нераскинлива врска. Предмет на овој труд се карактеристиките на гастрономијата во Русија. Во трудот се дефинирани основните аспекти на гастрономијата. За потребите на трудот, употребена е методологија на истражување и секундарни извори на податоци преку консултирање на релевантна литература поврзана со руската гастрономија, како и интернет. Направена е анализа и преглед на историскиот развој на традиционалната руска кујна, а презентирани се и позначајните гастрономски производи и јадења во Русија.

Published
2022-04-14