ПРАВОПИСОТ ВО НАСТАВАТА ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ВО ОСНОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ
Abstract
Како што е познато, ортографијата, односно правописот на еден јазик го дефинираме како збир од нормирани правила и законитости на пишување на зборовите и на мислата. Правописот ги диктира и правилата за употребата на графичките и на интерпункциските знаци, а тоа значи дека во рамки на правописот влегува и писмото на еден јазик.
По кодификацијата на македонскиот стандарден јазик, првото издание од македонскиот правопис излегува далечната 1945 година, на 7 јуни. Неговото официјализирање се смета за еден од важните историски настани што го одбележаа систематизирањето и нормирањето на јазикот.
Последното издание од македонскиот правопис е објавено во 2017 година кое, пак, претставува второ издание на Правописот од 2016 г. објавено во февруари од страна на
Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“.
Врз основа на кажаното, а уште повеќе, врз основа на важноста од познавањето на правописот на еден јазик, ќе се обидеме да ги разгледаме методичките единици поврзани со правописот на македонскиот јазик во наставата по предметот Македонски јазик, како и тоа дали се доволно застапени со цел да ја разбудат љубовта на учениците кон правилното пишување и изразување на својата мисла.