БЕГСТВО ВО/ОД ВИРТУЕЛНАТА РЕАЛНОСТ НА СОНИШТАТА
Abstract
Билјана Станковска е одличен познавач на детскиот свет, писател кој извонредно лесно ја разгорува детската фантазија. Во претходната книга „Вистинска приказна за исчезнувањето на приказните“ (2011) таа буквално го грабнува читателот уште на првата страница и со неа тој занесен влетува во авантурата. Оваа книга пред неколку години
доби и свое продолжение во романот „Кој ги краде соништата“. Ако во претходното дело „Вистинска приказна за исчезнувањето на приказните“ Билјана Станковска ги
ангажираше своите мали јунаци во акција за спас на приказните од исчезнување2, во делото кое следи и смисловно се надоврзува на ова, насловено како „Кој ги краде
соништата“, новата авантура на истите јунаци повторно е насочена кон детскиот свет, и основните елементи од кои тој свет е составен – соништата.