ДИГИТАЛНИТЕ НОМАДИ КАКО КУЛТУРОЛОШКИ ФЕНОМЕН ВО СОВРЕМЕНОТО ОПШТЕСТВО

  • Драган Донев
  • Наталија Поп Зариева
  • Кристина Костова
  • Крсте Илиев
Keywords: дигитални номади, дигитално номадство, мобилност, културолшки новини, мобилна работа

Abstract

Овој труд се занимава со анализа на културолошкиот феномен на дигитални номади во современото општество. Во последно време дигиталното номадство е зачестена појава. Тоа е културолошки варијација која е мотивиарана од брзиот развој на телекомуникациските услуги и поттикната од брзите технолошки, но и социолошки промени на глобално ниво. Феноменот е релативно нов и во својата основа подразбира дека се напуштаат традиционалните приврзаности кон работно место и домот како институции кои треба да имаат фиксна локација. Ваквиот тренд е поизразен кај помлдата популација чиишто претставници обично потенцираат дека имаат желба да патуваат, често да го менуваат своето место на живеење додека ги извршуваат работни обрвски, а со фамилијата имаат можност да ги истражуваат светските дестинации. По дефинирање на поимот и претставување на неговите особености, во продолжение ќе ги изложиме главните причини кои се повод за поедицни да се одлучат на дигитално номадство како начин на живот. Исто така ќе ги разгледаме и проблемите и предизвиците за кои приврзаниците на овој феномен наведуваат дека постојат и кон кои тие треба да се прилагодат или навикнат за да го живеат својот живот на дигитални номади и да функционираат оптимално.

Published
2022-04-14