ОБРАБОТКА НА ПРИРОДЕН ЈАЗИК СО ТЕХНИКИ НА МАШИНСКО УЧЕЊЕ

  • Стефан Иванов
  • Цвета Мартиновска Банде
  • Билјана Ивановска
Keywords: машинско учење, обработка на текст, сумирање на текст, категоризација на текст

Abstract

Во невропсихологијата, лингвистиката и филозофијата на јазикот, природен јазик е секој јазик што еволуирал природно кај луѓето преку употреба и повторување без свесно планирање или предумисла. Природните јазици можат да имаат различни форми, како што се говор или сигнализирање. Тие се разликуваат од конструираните и формалните јазици, како што се оние што се користат за програмирање компјутери или за проучување на логиката.
Текстуалните податоци се најчести и опфаќаат повеќе од 50 % од неструктурираните податоци. Неколку примери вклучуваат – твитови / објави на социјалните медиуми, разговори на чет, вести, блогови и написи, прегледи на производи или услуги, како и евиденција на пациентите во здравствениот сектор. Неколку понови апликации се ботови
управувани од говор како Siri, Alexa, итн. Со цел да се произведат значајни и ефективни сознанија од текстуалните податоци, односно за да се искористи потенцијалот на текстуалните податоци, се користи обработка на природен јазик заснована на машинско учење и пред сè на длабоко учење.

Published
2022-04-14