ГОВОРНИТЕ ЧИНОВИ И НИВНАТА ПОВРЗАНОСТ СО УЧТИВОСТА ВО ВРЕМЕ НА КОРОНА КРИЗАТА

  • Билјана Ивановска
  • Гзим Џафери
Keywords: говорни чинови, учтивост, илокуциска моќ, пропозициска содр- жина, корона кризa

Abstract

Со овој труд се прави обид да се прикажат експресивните говорни чинови и нивната поврзаност со одредени општествено-културни норми, посебно со феноменот на учтивоста во време на корона кризата. Според Серл (Searle 1979), во зависност од илокуциската сила што ја пренесуваат, говорните чинови се класификуваат во пет групи:
асертивни, комисивни, директивни, експресивни и декларативни говорни чинови. Во овој труд се задржуваме на експресивните говорни чинови. Сложеноста на говорните чинови е нивната основна карактеристика што ги наведува истражувачите да полемизираат околу фактот дека илокуциската моќ на експресивните говорни чинови е да изразат психолошка состојба која е предадена преку искреноста за состојбата на односите помеѓу соговорниците одредени во пропозициска содржина на изразот. Втора карактеристика на експресивните говорни чинови е нивниот недостаток во совпаѓањето помеѓу зборовите и светот на говорителот, бидејќи говорителот преку изразот што го
користи се обраќа од својот внатрешен свет и неговата интенција и став ги насочува кон надворешниот свет. Овие две карактеристики на експресивните говорни чинови во
поврзаност со феноменот на учтивоста се прикажани во овој труд.

Published
2022-04-14