ЗА ПОСТОЕЊЕТО НА МАКЕДОНСКАТА КНИЖЕВНА КРИТИКА ВО XIX ВЕК
Keywords:
книжевна критика, македонска книжевност, XIX век, естетика, книжевна историја.
Abstract
Во текстот се осврнуваме на македонската книжевна критика во XIX век за која во македонската наука се знае многу малку. Во студијата приложуваме сопствена периодизациска и типологизациска шема на македонската критика од ова време, наведуваме повеќе имиња кои како автори се јавуваат на повеќе од сто и педесет критичко-есеистички дела. На ваков начин потврдуваме дека критиката објавувана во весниците и списанијата, но и како посебни изданија ја имало во многу поголем обем и со многу поголемо значење врз книжевните процеси од она што досега се истакнуваше.