СИНТАКСИЧКИ ФУНКЦИИ НА ПРОСТИТЕ ПРЕДЛОЗИ ВО ИТАЛИЈАНСКИОТ ЈАЗИК И НИВНИТЕ МОЖНИ ЕКВИВАЛЕНТИ ВО МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК
Abstract
Предлозите, како што и самото име кажува, стојат пред зборот на кој се однесуваат и воспоставуваат некаков синтаксички однос меѓу зборот пред кој стојат и зборот кој
им претходи. Во наставата по странски јазици предлозите претставуваат граматичка единица која многу тешко ја усвојуваат слушателите. Причина за тоа е влијанието од
мајчиниот јазик бидејќи одредени конструкции од мајчиниот јазик се пренесуваат во усвојувањето на странскиот јазик.
Предмет на нашето истражување се предлошките конструкции во италијанскиот јазик кои имаат чисто синтаксичка функција: подметска (предлогот di го воведува подметот), функција на директен предмет (предлогот di го воведува директниот предмет), функција на апозиција (предлогот da ја воведува апозицијата), подметска и предметска предикативна функција (предлозите di, a, da, in, per) го воведуваат прирошкиот додаток во функција на подмет или директен предмет, функција на агенс (предлогот da го во-
ведува предлошкиот агенс) и дативна функција (предлогот а го воведува индиректниот предмет).
Главната цел на овој труд е преку темелна анализа на синтаксичките функции на простите предлози во италијанскиот јазик да увидиме во кои случаи имаме целосна или
делумна еквиваленција, а во кои случаи не постои еквиваленција меѓу италијанските и македонските предлошки конструкции во поглед на граматичките функции.