РАДИКАЛНООСЛОБОДИТЕЛНИОТ ФЕМИНИЗАМ ВО ДЕЛАТА НА АНГЕЛА КАРТЕР

  • Наташа Сарафова
Keywords: радикалноослободителен, феминизам, патријахалност, сексуалност

Abstract

Радикалнослободните феминистки тврделе дека е погрешен ставот дека анатомијата на жената жената ја прави жена (т.е. затоа што е жена таа задолжително мора да ги има основните карактеристики на убавина, незнаење, шарм, ведрина и мирољубивост). Тие тврделе дека патријархалното општество ги користи ригидните(крутите) полови улуги за да ја задржи жената пасивна, а мажот активен. Поголемиот дел од работата на Ангела Картер се однесува на еден специфичен тип феминизам, радикалноослободителен, кој подразбира критика на патријархалните улоги кои на жените им беа залепувани низ времето. Нејзините женски протагонисти честопати ги земале повластените улоги, каде во преден план се воздигнувањето наспроти угнетувањето, борбата за сексуална и за политичка еднаквост. Во нејзините дела женските карактери имале улоги кои понекогаш вклучуваат машки карактеристики Картеровите приказни ја имагинираат жената како способна и моќна фигура, како личност која лесно се соочува со ситуацијата и тоа ја води до успех.

Published
2022-04-15