ЈАЗИЧНИТЕ ЕДИНИЦИ СО ПОЗИТИВЕН ЕМОЦИОНАЛЕН ПРИЗНАК ВО ЈАЗИЧНИОТ ПАР ГЕРМАНСКИ-МАКЕДОНСКИ

  • Викторија Саздова
  • Билјана Ивановска
Keywords: јазични единици, значење, позитивни емоции, негативни емоции, дневен печат

Abstract

Целта на овој труд е да се прикаже емоционално-јазичната врска, можностите за изразување на емоција преку јазичниот знак, на кој начин субјективната карактеристика на емоциите може да ја промени објективноста во јазикот и дали позитивно или негативно вреднуваната именка која означува емоција ја менува вредноста во одреден контекст. Прашањата за тоа на кои сè начини може да се изрази една емоција со помош на јазикот, колку емоциите можат да го променат контекстот на пишаниот збор и каква промена може да претрпи значењето на емоцијата врз основа на информацијата која се споделува и употребата на јазичните знаци, остануваат отворени и нудат можност за натамошни истражувања. Јазикот и емоциите се наоѓаат во нераскинлива поврзаност. Дури и да сакаме емоциите да ги разгледуваме независно од јазикот, а јазикот од емоциите, тоа не е можно без разлика на промените кои ги претрпуваат. Така, јазикот служи да ги опише емоциите, а емоциите да го поттикнат јазикот.

Published
2022-04-15