ОНЛАЈН НАСТАВАТА ПО ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК ВО ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈА. ИСКУСТВА И ПРЕДИЗВИЦИ

  • Марица Тасевска
Keywords: настава, учење на далечина, странски јазик, пандемија

Abstract

Веќе година дена се соочуваме со здравствена и економска криза погодена од пандемијата која го зафати целиот свет. Во недостиг од информации за „новиот непријател“ бевме принудени да ги реорганизираме работните места, со цел полесно справување со вирусот. Секако еден од најмногу погодените сектори беше и образовниот систем кој
ги затвори училиштата за учениците и наставниците и ги испрати во своите домови за некој неизвесен период кој трае и до ден денeс. За краток временски период мораа да
се изнајдат идеални решенија со цел непречено одвивање на наставата. Секако, освен учениците и родителите најпогодени беа и наставниците, кои требаше да се прилагодат
на новонастанатите услови и да изнајдат техники и методи кои мотивацијата за учењето на германскиот јазик преку компјутер ќе ја држат на највисоко ниво. Токму оваа проблематика беше поттик за едно дополнително истражување за тоа какви беа искуствата на наставниците по германски јазик, како и потешкотиите со кои се соочуваа за време на онлајн наставата. Резултатите кои се презентирани во овој труд се добиени преку анкетирање на наставници по германски јазик, најмногу од градовите Штип, Радовиш и Струмица.

Published
2022-04-15