ТЕХНОЛОГИЈАТА ВО ОБРАЗОВАНИЕТО КАКО ПРЕДИЗВИК ЗА ЗДРАВ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

  • Славица Урумова-Марковска
Keywords: дигитализација, пандемија, платформа, поддршка, развој

Abstract

Во овој труд ќе стане збор за употребата на технологијата во образованието, што има за цел да ја зголеми ефективноста на образовниот процес и да им гарантира на учениците здрав детски развој, но и постигнување на планираните резултати во наставата. Целта е да се истакне потребата од системот на основно воспитание и образование на децата, кое е од значење за севкупниот раст, развој и формирање на нивната личност. Технологијата во системот ги поставува условите за интегративен пристап во развојот на децата преку поттикнување и насочување на сознајни активности, воспоставување на вредности преку учење.

Published
2022-04-15