СПЕЦИФИКИ НА МАКЕДОНСКАТА КУЛТУРНА ДИПЛОМАТИЈА

  • Васко Шутаров
Keywords: јавна дипломатија, културна дипломатија, културна политика, културно-информативни центри

Abstract

Јавната и културната дипломатија како понови дипломатски гранки во меѓународните политички односи се нарекуваат мека политичка моќ. Од средината на минатиот век овие две специфични дипломатски акции стануваат неодвоив дел од меѓународната политика, посебно за време на Студената војна кога културата, спортот, модата и уметноста стануваат моќни алатки за стекнување наклонетост и симпатии меѓу публиките во странство. Македонската културна дипломатија е втемелена уште во првите сериозни обиди на некогашната југословенска културно-дипломатска практика во средината на минатиот век и повеќе од четири децении споделува културно-дипломатски
искуства со останатите републики од тогашната федеративна заедница. Македонската културна дипломатија уште од годините на осамостојувањето на државата, промовира
автентична и препознатлива културно-дипломатска практика која последниве две децении е карактеристична со активностите на културно-информативните центри во
странство. За разлика од останатите држави произлезени од поранешната заедничка федерација, нашата држава има најголемо искуство во практикување на културната
дипломатија преку ваквиот институционален механизам на културно-информативни центри. Мрежата од такви центри за дејствување на културната дипломатија во странство, претпоставува формирање на независно професионално тело, нов субјект за креирање културно-дипломатски политики, какво што веќе имаат најдобрите светки дипломатии, но и државите произлезени од поранешната југословенска федерација.

Published
2022-04-15