Гимназиското образование во Штип меѓу двете светски војни

  • Oliver Cackov

Abstract

Штип е град со богата и значајна образовна традиција, чиишто корени датират уште од крајот на XVIII век, поточно од 1793 година, кога според Петар Завоев почнало да работи првото ќелијно училиште. Најзначајниот импулс во развојот на образованието во Штип и Штипско, несомнено, е поврзано со Јосиф Ковачев, основачот на првото педагошко училиште во штипско Ново Село. Во 1869 година „општообразовното училиште прераснало во класно училиште со предметна настава и нова наставна програма. Од оваа година условно земено, датира класното – гимназијално образование во Штип“.

Published
2013-04-10