Народноопштински и педагошко-богословски училишта во Македонија кон средината на хіх век (по примерот на учителствувањето на Јосиф Ковачев, д. Миладинов, сл. Дингова,К. Шапкарев и други)
Aleksandar Trajanovski
Abstract
Во услови на повеќевековно турско-османско владеење во Македонија и другите балкански земји, школството, просветата и културата во Македонија биле непосредно поврзани со припадноста на религијата, односно црквата. Тоа произлегувало од основите на османското шеријатско право и милет-системот, кога кај оние христијански народи на кои им се признавала црквата, автоматски им се признавала и нивната народност. Во таа смисла, османските власти ги признавале училиштата и воопшто просветно-културните установи поврзани со црквата. Врз основа на ова, подоцна, кога целосно се изгубил верскиот карактер на школството и просветата, пак во услови на османското владеење, училиштата се граделе во цровните и манастирски дворови, порти или простории.