На 29 октомври 2010 година, во организација на Институтот за историја и археологија (ИНИСА) на Универзитет „Гоце Делчев“ се одржа Научен симпозиум посветен на животот и делото на Јосиф Ковачев, еден од најистакнатите штипски и македонски мислители и педагози. Симпозиумот „Јосиф Ковачев и неговото време“ започна во 9.30 часот, кога во Градската црква „Св. Никола“ во Штип се одржа панихида посветена на Јосиф Ковачев.