Поглед кон животот и дејноста на Јосиф Ковачев – истакнат македонски педагог и реформатор од Штип
Abstract
Јосиф Антон Ковачев е роден на 14 јануари 1839 година во Штип – Македонија. Овој податок го сретнуваме речиси во сите извори. Сепак, во неговите „Автобиографични белешки” (Историски архив при Народната библиотека „Кирил и Методиј”, фонд N0 111, арх. ед. 369, л. 540) тој спомнува дека е роден во 1840 г. Израснува во занаетчиско-ковачко семејство. Своето образование го добива најпрво во ќелијното училиште, а потоа во новото заемно училиште. Заемното училиште било основано од штипскиот учител Павле Грозданов, кој е основоположник на првото световно народно училиште во Штип (Штип низ вековите, 1986, книга прва, Штип, 351). Како негов ученик, покрај образованието, Ј. Ковачев се здобива и со педагошко искуство како негов помошник. Тоа извршило големо влијание да се оддаде на самостојна учителска дејност.References
Собрание на Општина Штип, (1986 г.), Штип низ вековите, книга прва, Штип, 351
Кантарџиев, Р. (1965), Македонско преродбенско училиште, Скопје,134
Кантарџиев, Р. (1985), Македонско преродбенско училиште, второ дополнето издание, Скопје
Кантарџиев, Р. (2002), Историја на образованието и просветата во Македонија, , Скопје, 311
Трајчев Ѓ. (1925), Град Прилеп, Историја, географски и стопански преглед, Софија,116-118
Авторски колектив, (1999 г.), България 20. век (алманах), Труд, 381 ISBN 9545281464
Албумъ, (1931 г.) Борческа Македония, Софија