Јосиф Ковачев и значењето на неговата личност во културното поле на Македонија
Vanga Dimitrijeva
Abstract
Во поднебјето на малата држава Македонија, како по некоја непишана традиција, секогаш се раѓале деца кои генетски наследувале многу благотворни особини и вештини, и во сопствената крв го носеле тој борбен дух кој неуморно се борел во културните натпревари, развој и создавање на креативноста во неуморното општество кое во секое време само за себе имало различни потреби за подготовки на сопствената држава за борба за културен натпревар и во инвестирањето во сопствените деца за водење на сопствената држава напред во културниот и цивилизиран свет, натпреварувајќи се во мултикултурниот натпревар на цивилизациите. Така на 14 февруари во 1839 година се родил и еден од познатите македонски креатори на културното општество - Јосиф Ковачев, кој со своето постоење придонел за сопствената држава една голема гранка на стеблото на културата кое е поврзано со школската педагогија, која во тој период значела многу и придонела за реформи во алката на школството.