Етничките процеси во североисточниот дел на македонскиот етнографски простор (прв дел)

Authors

  • Zoranco Malinov

Abstract

Во просторот на североисточниот дел од Р. Македонија се регистрирани траги од човечки населби уште во неолитот (младо камено време) на некои локалитети во долината на реката Брегалница (Вршник кај с. Таринци, Штипско), на Овче Поле (Барутница кај с. Анзабегово; Руг Баир кај с. Горобинци и Алин Дол кај с. Немањица, Светиниколско), како и во околината на Куманово, кај локалитетот На Брег кај с. Старо Нагоричане (Санев В., 26). Во периодот на преминот од камено во метално време, во науката познат како енеолит, траги од населби во овие простори среќаваме на локалитетите Костоперска Карпа (Жеглиговски Камен) кај с. Младо Нагоричане и Пилаво кај с. Бурил чево, Кочанско (Колиштркоска Настева И., 44).

Downloads

Published

2013-04-11

Most read articles by the same author(s)