Состојбите во Македонското револуционерно движење од потпишувањето на Мајскиот манифест до убиството на Тодор Александров
Abstract
Во почетокот на мај 1924 година, Тодор Александров во придружба на професорот Милетич од Виена се упатил во Лондон. На заминување Александров оставил полномоштво за потпишување на заедничкиот Mанифест, уште попознат и како Мајски манифест, кој тогаш бил во подготовка. По потпишувањето на Манифестот на 6 мај, начелно било договорено да биде публикуван за јавноста еден месец по потпишувањето, во новото гласило на обединетото Македонското револуционерно движење, весникот „Балканска федерација“. Алексан дар Протогеров се вратил во Софија, а Петар Чаулев заминал за Рим. Во Виена останал да ги координира работите Димитар Влахов со помош на професорот Харлаков.